Friday, July 21, 2017

From lines to designs


          На сите барем досега ни се има случено да посакаме некаков модел на облека кој што би го носеле на различни настани без разлика дали е тоа матурска забава или пак свадба или пак сосема нешто друго.Но најголем проблем ни било тоа како да го пренесеме на  лист хартија а воедно тој  што ќе ни го прави фустанот или некаков друг вид на облека сепак да не разбере што е она што ние го посакуваме.Бидејќи среќата да го разбере некој  нацртаното а притоа да не си уметник ниту пак дизајнер е сепак многу мала.И поради тоа што и јас самата се имав најдено во таква ситуација  парчетото облека кое  што се обидов да го нацртам освен тоа што изгледаше ужасно,на некој начин иако имав надеж дека можеби ќе ме разберат,сепак беше сошиено исто како цртежот УЖАСНО.




 Па затоа еве сега откако го најдов начинот како парчето облека кое што сакате да го нацртате да изгледа онака како што би требало да личи кога ќе го облечете ќе ги споделам со вас  чекорите за тоа како да се нацрта една скица на човечко тело на која ќе можете да имате претстава како  би требало да изгледа облеката.Иако постојат многу начини за тоа како да се нацрта човечкото тело  кое што најчесто е женска фигура.Јас го ќе ви покажам еден полесен и побрз начин.



Како за почеток треба да знаеме колку треба да бидат долги рацете колку нозете.Бидејќи просечното тело кај секоја личнот има исти пропорции  кај сите само што разликата е во тоа што некои луѓе се повисоки некои пониски,покрупни или послаби но во главно кај сите важат овие правила.
-Лактите секогаш се во висина на папокот.А со тоа имаме претстава до каде треба  да ни биде надлактицата.
-Долниот дел од раката,подлактицата ,заедно со дланката треба да ни биде во висина на бутовите.
-Струкот е секогаш потенок од рамената и колковите.
-Рамената и колковите се со иста широчина иако кај многу луѓе  се ралични а дури можете и вие да ги нацртате по своја желба  и широки и тесни.
-Надколениците се секогаш подолги од долниот дел на нозете,подколениците.


1.Чекор
Нацртајте вертикално девет кругчиња како синџир исто како на сликата подоле.



2.Чекор.
Првото кругче оставете го за главата и половина од второто за вратот.
3.Чекор
За да ја одредите широчината на рамената нацртајте на првото кругче од двете страни по уште едно кругче,а потоа спуштете линија и означете ги точките и поврзете ги хоризонтално.
4.Чекор
Спојот помеќу третото и четвртото кругче ќе ја означува половината.а половина  од четвртото ќе бидат колковите  со иста широчина како рамената.И со тоа е направен трупот од фигурата модел.



5.Чекор
Помеѓу шестото-седмото и осмото-деветото  кругче се цртаат од двете страни мали кругчиња кои што ќе бидат колената  и зглобот на стапалата.
6.Чекор
Во висина на струкот се означуваат лактите со мали кругчиња а во висина на колковите и под нив се означуваат  подлактицата со дланката.

ДОКОЛКУ НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЦРТАТЕ ГЛАВАТА И ПРСТИТЕ НА ДЛАНКИТЕ НЕ МОРАТЕ.



M.N.

DESIGN

My first design dress

While outside is hot as in hell, I decided to turn a little backwards during my pro night  and to write this post for the adventure of my...