На сите барем досега ни се има случено да посакаме
некаков модел на облека кој што би го носеле на различни настани без разлика
дали е тоа матурска забава или пак свадба или пак сосема нешто друго.Но
најголем проблем ни било тоа како да го пренесеме на лист хартија а воедно тој што ќе ни го прави фустанот или некаков друг
вид на облека сепак да не разбере што е она што ние го посакуваме.Бидејќи
среќата да го разбере некој нацртаното а
притоа да не си уметник ниту пак дизајнер е сепак многу мала.И поради тоа што и
јас самата се имав најдено во таква ситуација
парчетото облека кое што се
обидов да го нацртам освен тоа што изгледаше ужасно,на некој начин иако имав
надеж дека можеби ќе ме разберат,сепак беше сошиено исто како цртежот УЖАСНО.
Како за почеток треба да знаеме колку треба да бидат
долги рацете колку нозете.Бидејќи просечното тело кај секоја личнот има исти
пропорции кај сите само што разликата е
во тоа што некои луѓе се повисоки некои пониски,покрупни или послаби но во
главно кај сите важат овие правила.
-Лактите секогаш се во висина на папокот.А со тоа имаме
претстава до каде треба да ни биде
надлактицата.
-Долниот дел од раката,подлактицата ,заедно со дланката
треба да ни биде во висина на бутовите.
-Струкот е секогаш потенок од рамената и колковите.
-Рамената и колковите се со иста широчина иако кај многу
луѓе се ралични а дури можете и вие да
ги нацртате по своја желба и широки и
тесни.
-Надколениците се секогаш подолги од долниот дел на
нозете,подколениците.
1.Чекор
Нацртајте вертикално девет кругчиња како синџир исто како
на сликата подоле.
2.Чекор.
Првото кругче оставете го за главата и половина од
второто за вратот.
3.Чекор
За да ја одредите широчината на рамената нацртајте на
првото кругче од двете страни по уште едно кругче,а потоа спуштете линија и
означете ги точките и поврзете ги хоризонтално.
4.Чекор
Спојот помеќу третото и четвртото кругче ќе ја означува
половината.а половина од четвртото ќе
бидат колковите со иста широчина како рамената.И
со тоа е направен трупот од фигурата модел.
5.Чекор
Помеѓу шестото-седмото и осмото-деветото кругче се цртаат од двете страни мали
кругчиња кои што ќе бидат колената и
зглобот на стапалата.
6.Чекор
Во висина на струкот се означуваат лактите со мали
кругчиња а во висина на колковите и под нив се означуваат подлактицата со дланката.
ДОКОЛКУ НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЦРТАТЕ ГЛАВАТА И ПРСТИТЕ НА
ДЛАНКИТЕ НЕ МОРАТЕ.
M.N.







No comments:
Post a Comment